Владиниот портпарол Штефен Хебстрајт објави дека за време на разговорот Шолц ја осудил руската агресивна војна против Украина и го повикал Путин да ја прекине со повлекување на трупите што ја нападнаа земјата во февруари 2022 година.
Шолц, исто така, ја повика Русија да биде подготвена да преговара со Украина за да се постигне праведен и траен мир и ја изрази непоколебливата решеност на Германија да ја поддржи Украина во нејзината борба, се вели во писмената изјава на Хебстрајт. Civilmedia
Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот, соопшти прес-службата на Кремљ. Libertas
Путин денеска за време на разговорот со Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на теренот“ и да се решат причините за конфликтот.
Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена“ размена на мислења за ситуацијата во Украина. Libertas
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски смета дека телефонскиот разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот лидер Владимир Путин ја отвора Пандорината кутија и ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер и да се стави крај на војната во Украина со праведен мир. 360stepeni
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека телефонскиот разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот лидер Владимир Путин ја отвора „Пандорината кутија“ и ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер и да се стави крај на војната во Украина со праведен мир.
Германската влада соопшти дека за време на разговорот Шолц го повикал Путин да започне преговори со Киев, со цел да се постигне праведен и траен мир. 360stepeni
Руските предлози се добро познати и беа претставени, особено, во јунскиот говор во руското Министерство за надворешни работи“, соопшти Кремљ.
Во разговорот Путин нагласи дека евентуалните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на нови територијални реалности и што е најважно да ги елиминираат основните причини за конфликтот. Plusinfo
Рускиот претседател оцени дека руско-германските односи доживеале „невиден деградација“.
Руските медиуми јавуваат дека Путин и Шолц разговарале и за ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток. Libertas
Шолц и Путин последен пат разговараа во декември 2022 година, 10 месеци откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, втурнувајќи ги односите со Западот во нивното најдлабоко замрзнување од Студената војна.
Шолц, најнепопуларниот германски канцелар досега, се подготвува за национални избори на 23 февруари на кои неговите социјалдемократи се соочуваат со силна конкуренција од левичарските и екстремно десничарските партии кои се критични за поддршката на Германија за Украина. Nezavisen
Шолц и Путин, како што се дознава, ќе останат во контакт.
Кремљ досега објави дека рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц имале „искрен“ разговор во петокот „на иницијатива“ на Берлин за конфликтот во Украина. Netpress
Но, јас сум одговорен политичар“, изјави Шолц пред неколку дена за јавниот сервис АРД.
Шолц додаде дека Русија треба да одлучи дали војната ќе продолжи на неодредено време, или може да се најдат начини да се стави крај. Mk