Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација.
На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел. Netpress
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Kanal5
Историјата на крајот ќе не суди за тоа што сме направиле, кога моравме да се соочиме со тешки времиња, истакна Борел.
На состанокот стана збор и за обидите за заобиколувањето на санкциите и дополнителните рестриктивни мерки кон Русија, при што министрите одлучија да воведат дополнителни санкции поврзани со воената поддршка на Иран на руската агресија врз Украина, со забрана за извоз, трансфер, снабдување или продажба на компоненти за ракети произведени во ЕУ на ирански субјекти, а санкционираше и едно физичко лице и четири правни лица. Kanal5
Ако сака да покаже дека е политичка сила, Европската Унија мора да остане единствена и мора да дејствува, а не да чека за да реагира на одлуките на САД, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на шефови на дипломатии, на кои главни теми се состојбите во Украина и на Блискиот Исток и односите на блокот со САД. Libertas
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Biznisvesti
Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“.
Покрај за ова прашање во делот од состанокот посветен на најновите случувања на Блискиот Исток, пред се во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, министрите разговараа за поддршката на ЕУ за УНРВА и за прашањето за рестриктивни мерки против Хамас и неговите поддржувачи, но и против насилните еврејски екстремистички доселеници на Западниот Брег. Kanal5
На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел.
Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“. Kanal5
Тој на грузиските граѓани им порача дека ЕУ никогаш нема да ги напушти нив и нивната борба за вредностите на ЕУ и ќе продолжи со поддршка на нивниот „избор во корист на демократијата и европската иднина“.
Министрите за надворешни работи дебатираа и за состојбите во регионот на Рогот на Африка, пред се за Сомалија и можната поддршка од ЕУ за идната Мисија на Африканската унија за поддршка и стабилизација на земјата, како и за настаните во Судан, каде се убиени илјадници луѓе, а милиони раселени. Biznisvesti
Советот за надворешни работи продолжува со заседание на ниво на министри за одбрана, на кое главни теми ќе бидат за поддршката на ЕУ за Украина и за одбранбената подготвеност на блокот.
На маргините на заседанието министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Република Македонија и Европската Унија. Netpress