Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација.
На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел. Netpress
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Kanal5
Секој повик за нуклеарна војна е неодговорен, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во врска со одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја промени руската нуклеарна доктрина, што значи дека отсега Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија против неa.
На прес-конференција во Брисел, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ за одбрана, Борел го осуди секое спомнување на употреба на нуклеарно оружје. Fokus
На состанокот стана збор и за обидите за заобиколувањето на санкциите и дополнителните рестриктивни мерки кон Русија, при што министрите одлучија да воведат дополнителни санкции поврзани со воената поддршка на Иран на руската агресија врз Украина, со забрана за извоз, трансфер, снабдување или продажба на компоненти за ракети произведени во ЕУ на ирански субјекти, а санкционираше и едно физичко лице и четири правни лица.
На работниот ручек на заседанието министрите се осврнаа на односите на ЕУ со САД, пред се во врска со Украина и Блискиот Исток, како и за конкретните импликации од американските претседателски избори. Kanal5
На работниот ручек на заседанието министрите се осврнаа на односите на ЕУ со САД, пред се во врска со Украина и Блискиот Исток, како и за конкретните импликации од американските претседателски избори.
Во тој контекст, Борел оцени дека изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД претставува нова можност за Европејците. Kanal5