Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“. ги рпекинаПокрај за ова прашање во делот од состанокот посветен на најновите случувања на Блискиот Исток, пред се во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, министрите разговараа за поддршката на ЕУ за УНРВА и за прашањето за рестриктивни мерки против Хамас и неговите поддржувачи, но и против насилните еврејски екстремистички доселеници на Западниот Брег.
ФАК разговараше и за напорите за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток, при што министрите разменија мислење за активностите на Глобалната алијанса за имплементација на решението за две држави, лансирана на последното заседание на Генерално собрание на ОН, и за нејзиниот следен состанок закажан за 28 ноември во Брисел. Netpress
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Denesen
На состанокот стана збор и за руската агресија врз Украина, при што министрите имаа размена на мислење преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Андриј Сибиха, кој ги информираше за најновите случувања на теренот и за најитните украински потреби.
Во продолжение европските шефови на дипломатии разговараа за натамошната поддршка на ЕУ за Украина, како и за можниот одговор на Унијата за поддршката кон Русија од страна на трети земји. Netpress