Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Denesen
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација. Libertas
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел од денеска до недела ќе престојува во посета на регионот на Блискиот Исток. Biznisvesti
На состанокот стана збор и за руската агресија врз Украина, при што министрите имаа размена на мислење преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Андриј Сибиха, кој ги информираше за најновите случувања на теренот и за најитните украински потреби.
Во продолжение европските шефови на дипломатии разговараа за натамошната поддршка на ЕУ за Украина, како и за можниот одговор на Унијата за поддршката кон Русија од страна на трети земји. Libertas