Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“.
Покрај за ова прашање во делот од состанокот посветен на најновите случувања на Блискиот Исток, пред се во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, министрите разговараа за поддршката на ЕУ за УНРВА и за прашањето за рестриктивни мерки против Хамас и неговите поддржувачи, но и против насилните еврејски екстремистички доселеници на Западниот Брег. Kanal5
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација.
На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел. Netpress
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Biznisvesti
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел од денеска до недела ќе престојува во посета на регионот на Блискиот Исток. Biznisvesti
Историјата на крајот ќе не суди за тоа што сме направиле, кога моравме да се соочиме со тешки времиња, истакна Борел.
На состанокот стана збор и за обидите за заобиколувањето на санкциите и дополнителните рестриктивни мерки кон Русија, при што министрите одлучија да воведат дополнителни санкции поврзани со воената поддршка на Иран на руската агресија врз Украина, со забрана за извоз, трансфер, снабдување или продажба на компоненти за ракети произведени во ЕУ на ирански субјекти, а санкционираше и едно физичко лице и четири правни лица. Libertas
На состанокот стана збор и за руската агресија врз Украина, при што министрите имаа размена на мислење преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Андриј Сибиха, кој ги информираше за најновите случувања на теренот и за најитните украински потреби.
Во продолжение европските шефови на дипломатии разговараа за натамошната поддршка на ЕУ за Украина, како и за можниот одговор на Унијата за поддршката кон Русија од страна на трети земји. Netpress
На состанокот стана збор и за обидите за заобиколувањето на санкциите и дополнителните рестриктивни мерки кон Русија, при што министрите одлучија да воведат дополнителни санкции поврзани со воената поддршка на Иран на руската агресија врз Украина, со забрана за извоз, трансфер, снабдување или продажба на компоненти за ракети произведени во ЕУ на ирански субјекти, а санкционираше и едно физичко лице и четири правни лица.
На работниот ручек на заседанието министрите се осврнаа на односите на ЕУ со САД, пред се во врска со Украина и Блискиот Исток, како и за конкретните импликации од американските претседателски избори. Netpress
Тој на грузиските граѓани им порача дека ЕУ никогаш нема да ги напушти нив и нивната борба за вредностите на ЕУ и ќе продолжи со поддршка на нивниот „избор во корист на демократијата и европската иднина“.
Министрите за надворешни работи дебатираа и за состојбите во регионот на Рогот на Африка, пред се за Сомалија и можната поддршка од ЕУ за идната Мисија на Африканската унија за поддршка и стабилизација на земјата, како и за настаните во Судан, каде се убиени илјадници луѓе, а милиони раселени. Libertas
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација. Netpress