Компанијата Спејксикс (SpaceX) на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенското летало Старшип од Тексас, а на лансирањето присуствуваше и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
НАСА планира да користи Старшип за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Артемис.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас го следеше лансирањето на ракетата „Starship“ на компанијата на милијардерот Илон Маск, чија силна поддршка ја имаше за време на претседателската кампања.
Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас. Fokus
Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас.
Ракетниот засилувач, наречен Super Heavy, не бил фатен како за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот залив. Netpress
Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку со едноставно полетување од земјата, напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за лансирањето на ракетата. Libertas
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, вчера во Тексас го следеше лансирањето на ракетата „Старшип“ (Starship) на компанијата на милијардерот Илон Маск чијашто силна поддршка ја имаше за време на претседателската кампања. Plusinfo
Кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата по вторпат во јануари, на двајца негови поддржувачи од највисок профил ќе им бидат дадени ингеренции за новата операција дизајнирана да ги намали владините трошоци и да ја подобри нејзината работа.
Копреседавач со одделот за владина ефикасност, кој, и покрај неговото име, најверојатно ќе биде советодавен комитет наместо вистински оддел, ќе биде основачот на Тесла и СпејсИкс Илон Маск, и богатиот поранешен републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами. Mk
Вселенската компанија SpaceX е подготвена за шестиот пробен лет на ракетата Starship, а новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се очекува да го гледа вториот обид за фаќање на големиот погон на ракетата со џиновските метални краци на лансирната рампа.
Пробниот лет доаѓа нешто повеќе од еден месец откако вселенската компанија првпат успеа да го постигне извонредниот подвиг, нагласувајќи ја својата позиција како светски лидер во ракетите за повеќекратна употреба. Kanal5
Илон Маск брзо стана влијателна личност во внатрешниот круг на новоизбраниот претседател Трамп, но има знаци на тензија меѓу Маск и долгогодишниот советник на Трамп околу назначувањето на кабинетот во новата администрација, пишува медиумот „Аксиос“ Несогласувањето меѓу Маск и Борис Епштејн – врвен советник кој притискаше за избор на членови на кабинетот, меѓу кои и Мет Гец за државен обвинител – се појави во јавноста минатата недела.
Тоа сигнализираше ривалство што произлегува од зголеменото влијание на Маск врз новоизбраниот претседател, на разочарување на некои лојалисти на Трамп. Nezavisen
Проблем е што и лани го напуштаа, и претходната година исто.
Упорно го напуштаат и уште поупорно се враќаат, за да може по некое време пак да драмат за атмосферата, токсичноста... Off
Деновиве многу западни медиуми кои навиваа за пораз на Трамп, Маск и МАГА екипата, одушевено пишуваа дека луѓе масовно го напуштаат Икс, незадоволни од атмосферата и пред сè токсичноста на платформата, засилена по победата на омразениот Трамп. Off
Организациите кои притискаат за поблизок надзор на федералните трошоци беа внимателни оптимисти за ДОГЕ.
Том Шац, претседател на Граѓаните против владиниот отпад, изјави за Гласот на Америка дека ова ќе биде „првиот значаен и сеопфатен преглед на федералната влада од приватниот сектор“ откако претседателот Роналд Реган ја создаде Грејс комисијата, комитет кој препорачува подобрувања на владината ефикасност, во 1982 година. Mk
Маск јавно шпекулираше дека би требало да биде можно да се идентификуваат околу 2 трилиони долари потенцијални кратења на федералниот буџет.
Тоа би претставувало речиси една третина од 6,1 трилиони долари, што федералната влада ги потроши во фискалната 2023 година и не може да се постигне без драстично намалување на владините услуги и програми. Mk
Маск и Рамасвами го поставија 4 јули 2026 година, односно 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност на САД, како датум за завршување на нивната работа, која се очекува да стигне до секој ќош на американската Влада со цел намалување на трошоци и елиминирање на бирократија.
Во изјавата за формирање на ДОГЕ, Трамп рече дека тоа „ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали вишокот регулативи, да ги намали расипничките трошоци и да ги преструктуира федералните агенции“. Mk
Очекуваме одредени агенции целосно да се избришат.
Очекуваме масовни намалувања на сила во областите на федералната влада каде има многу. Mk
Трошењето за „Медикеар“, програмата за здравствена заштита за постарите Американци изнесуваше 839 милијарди долари, додека трошоците за „Медикејд“, кои ја поддржуваат здравствената заштита за Американците со ниски приходи изнесуваа 616 милијарди долари.
Втората голема категорија на трошење се смета за „дискреционо“. Mk
Стигнаа првите ракции откако американскиот Њујорк тајмс објави информација дека американскиот претседател Џо Бајден ги овластил Украинците да користат ATACMS за длабоки напади на руска територија.
Откако американскиот Њујорк тајмс објави информација за тоа како американскиот претседател Џо Бајден ги овластил Украинците да користат ATACMS за длабоки напади на руска територија, доаѓаат реакции.
Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА.
Владимир Путин е отворен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но исклучува да направи какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од амбициите да се приклучи на НАТО, изјавија за пет извори кои се упатени во размислувањата во Кремљ.
Окружниот обвинител на Менхетен денеска објави дека ќе се согласи на одложување на пресудата во случајот против Доналд Трамп поврзан со наводите за перење пари.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените сили за спроведување на неговата програма за масовно протерување мигранти.
Сојузниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваа одлуката на претседателот Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади во Русија, обвинувајќи го за сериозна ескалација.
На светот веројатно најважно му е Трамп да не прави војни наваму-натаму.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го избрал познатиот ТВ лекар Мехмет Оз да ја води огромната програма за јавно здравствено осигурување во Америка – федералната агенција Центри за Медикер и Медикејд услуги (CMS). Оз, познат како „Д-р Оз“, неуспешно се кандидираше за Сенатот на САД во 2022 година.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека го избрал познатиот лекар Мехмет Оз да ја предводи огромната американска програма за јавно здравствено осигурување – федералната агенција Центри за Медикер и Медикејд(CMS). Оз, познат како „Д-р Оз“, во 2022 година имаше неуспешен обид за кандидирање за американскиот Сенат.