Финска и германската влада вечерва објавија дека е во тек истрага за отсечениот комуникациски кабел со оптички влакна што минува под Балтичкото Море што ги поврзува двете земји, наведувајќи ја загриженоста за клучната инфраструктура.
1.200 километри оптички кабел минува преку Балтичкото Море од Хелсинки, главниот град на Финска, до германското пристаниште Росток, а можно е да е исечен од надворешна сила соопштија од „Cinia“, финската државна компанија за сајбер безбедност и телекомуникациски мрежи.