Ирина Боровиќ, бранителот на Миљана и Владимир Кечмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиштето, изјави дека малолетникот од денеска има статус на жртва во судската постапка против неговите родители.
Денеска во Вишиот суд во Белград продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби 9 негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, . Владимир Кецмановиќ негирал дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград.