Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на критики од германската конзервативна опозиција, која денеска го обвини дека придонел за „пропагандата“ на Москва поради неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
По победата на Доналд Трамп на претседателските избориво САД, Германија треба да направи се за да одржува добри односи со САД, кои се основа за успехот на најголемата европска економија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени денеска дека разговорот на германскиот канцелар Олаф Шолц со рускиот претседател Владимир Путин ја отвори „Пандорината кутија“, поткопувајќи ги напорите да се изолира рускиот лидер.