Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува . Овој потег доаѓа откако главниот обвинителот на МКС, Карим Кан, на 20 мај налози за апсење за наводни злосторства поврзани со нападите на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел и воената реакција на Израел во Газа.
„Антисемитската одлука“ на Меѓународниот суд на правдата да издаде налози за апсење против премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант „е еквивалентно на модерно судење на Драјфус“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот на Израел.