Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повтори дека ставот на НАТО е дека „најдобро е да не се поставуваат ограничувања“ за испорака на вооружени системи за Украина . Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повтори дека ставот на НАТО е дека „најдобро е да не се поставуваат ограничувања“ за испорака на вооружени системи за Украина и додаде дека на секоја поединечна земја-членка е да одлучи дали ќе дозволи користење на неговото оружје со голем дострел за напад на цели во Русија.
Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за Украина да не поставуваат ограничувања за тоа како силите на Киев можат да го користат, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.