Поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, јавува . Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по прибирањето и деталната анализа на целата потребна документација, извршените разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, уапсени и приведени се вкупно единаесет лица.
Дел од уапсените се сомничат дека сториле тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, а дел дека сториле кривично дело непрописно и неправилно изведување градежни работи.