Парламентот на Никарагва вчера одобри измени на Уставот со кои се прошируваат ингеренциите на претседателот Даниел Ортега, а неговата сопруга Розарија Муриљо, досега потпретседателка сега ќе биде копретседателка на државата.
Уставните измени се на предлог на Ортега, а Парламентот, кој е под контрола на левичарската владејачка партија Сандинистички фронт за национално ослободување, едногласно ги одобри. Libertas
Тој е под санкции за кршење на човековите права.
Според текстот на реформата, „Претседателството на Републиката се состои од еден копретседател и еден копретседателка“ кои ќе се избираат на шест години. Libertas