Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамс Мухамед Диаб ал-Масри, јавија американските медими, пренесе МИА.
„Антисемитската одлука“ на Меѓународниот суд на правдата да издаде налози за апсење против премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант „е еквивалентно на модерно судење на Драјфус“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот на Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди како „антисемитска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налози за апсење поради воени злосторства против него и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.