САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана на земјата Јоав Галант, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Libertas
Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат. Libertas
„Антисемитската одлука“ на Меѓународниот суд на правдата да издаде налози за апсење против премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант „е еквивалентно на модерно судење на Драјфус“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот на Израел. Netpress
Републиканскиот американски сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, рече дека МКС е „опасна шега“ и дека „време е американскиот Сенат да дејствува и да го санкционира ова неодговорно тело“.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека налозите за апсење на МКС за Нетанјаху и Галант не се политички и дека одлуката на судот треба да се почитува и спроведе. Kanal5
Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, и претставници на Хамас обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поради војната во Газа и нападот на 7 октомври 2023 година во Израел, што доведе до конфликт, пренесува АП. Оваа одлука, според медиумот, ги става Нетанјаху и другите осомничени на меѓународната листа и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за ставање крај на 13-месечниот конфликт. Denesen
Реакција пристигна и од ЕУ. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел рече дека потерниците на МКС за Нетанјаху и Галант не се политички и дека одлуката на судот треба да се почитува и спроведе.
Министерот за надворешни работи на Холандија Каспер Велдкамп изјави дека земјата е подготвена да дејствува врз основа на потерницата за апсење на Нетанјаху, доколку е потребно. Libertas
„Мислам дека донесоа одлука со која израелскиот претседател и министерот за одбрана ги ставија на исто ниво со оние кои го организираа и водеа нападот што доведе до масакр и киднапирање на луѓе во Израел, поради што започна војната.
Тоа се две сосема различни работи“, рече тој за време на гостувањето на телевизијата РАИ Уно. Libertas
И покрај налозите за апсење, ниту еден од осомничените најверојатно нема наскоро да се соочи со судиите во Хаг.
Самиот суд нема полициски сили за извршување на наредбите, туку се потпира на соработката на своите земји-членки, пишува претходно споменатиот медиум. Kajgana
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Ројтерс.
Овој потег доаѓа откако главниот обвинителот на МКС, Карим Кан, на 20 мај побара налози за апсење за наводни злосторства поврзани со нападите на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел и воената реакција на Израел во Газа. Sitel
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант, поранешен министер за одбрана, како и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри, попознат како Мохамед Деиф, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
При одлучувањето за издавање на налозите, судиите на МКС рекоа дека има разумни основи да се верува дека Нетанјаху и Галант се кривично одговорни за гладувањето во Газа и прогонот на Палестинците. Mk