Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант и по лидери на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и за злосторства против човештвото во врска со војната во Газа и со нападите во октомври 2023 година, што ја предизвикаа израелската офанзива на палестинската територија, . Оваа одлука ги претвора Нетанјаху и другите обвинети во меѓународно барани осомничени, што веројатно дополнително ќе ги изолира засегнатите страни и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за да му се стави крај на 13-месечниот конфликт. Plusinfo