Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, и претставници на Хамас обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поради војната во Газа и нападот на 7 октомври 2023 година во Израел, што доведе до конфликт, пренесува АП. Оваа одлука, според медиумот, ги става Нетанјаху и другите осомничени на меѓународната листа и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за ставање крај на 13-месечниот конфликт. Denesen