Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА.
Владимир Путин е отворен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но исклучува да направи какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од амбициите да се приклучи на НАТО, изјавија за пет извори кои се упатени во размислувањата во Кремљ.