Кипар, кој има блиски врски со Израел, смета дека налозите за апсење издадени од МКС начелно се обврзувачки.
МКС вчера издаде налози за апсење против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на палестинската вооружена група Хамас, Ибрахим ал Масри за наводни злосторства против човештвото. Kanal5
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамса Мухамед Диаб ал-Масри, пренесува АП. МКС додава дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“. A1on
САД ја отфрлија пресудата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, и Јоав Галант, поранешен министер за одбрана на земјата, тврдејќи дека судот ја нема потребната јурисдикција. Mk
„Антисемитската одлука“ на Меѓународниот суд на правдата да издаде налози за апсење против премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант „е еквивалентно на модерно судење на Драјфус“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот на Израел. Nezavisen