Нападот на Русија со хиперсоничната ракета „Орешник“ со среден дострел бара „силен и одлучувачки одговор“ за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да го натера да ги почувствува „вистинските последици од неговите постапки“, смета украинскиот лидер Володимир Зеленски, . Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека е „благодарен“ на оние кои одговорија на, според него, „последниот чин на руско лудило“, но дека „зборовите не се доволни – потребна е акција“.