Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, на маргините на годишната конференција „Медитерански дијалог“ што се одржува во Рим, соопштија од Министерството.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во работна посета на Рим на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.