Откако руските сили ги интензивираа брановите контранапади, Украина загуби повеќе од 40 отсто од територијата во руската област Курск, која ја освои со ненадеен напад во август, изјави денеска висок извор од украинската армија.
Извор од Генералштабот на украинската армија, кој сакал да остане анонимен, рече дека Русија распоредила околу 59.000 војници во регионот Курск откако украинските сили навлегле на територијата, со што ја фатиле Москва неподготвена, две и пол години по почетокот на руската инвазија на Украина, „Досега контролиравме најмногу околу 1.376 квадратни километри (во регионот Курск), сега, се разбира, оваа територија е помала, а непријателот ги засилува контранападите.