Секој пат кога САД продолжуваат да преземаат непромислени чекори, зголемувајќи ги тензиите околу украинскиот конфликт, Русија мора да одговори на таквата ескалација со мерки без преседан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за телевизијата Русија 24. Указот на рускиот претседател за промена на руската нуклеарна доктрина може да се смета за сигнал до Западот.
Објавувањето на ажурираната нуклеарна доктрина на Руската Федерација е сигнал за американската администрација, која спроведува невидена ескалација на конфликтот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.