Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави денеска дека не очекува брзо завршување на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта.
„Би сакал да ги потсетам сите дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен. Во својата претседателска кампања, Трамп конкретно нагласи дека ќе може да ја заврши војната уште првиот ден по доаѓањето на власт, ако не и порано, но не прецизираше како ќе го направи тоа, наведува Политико.