Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер одби да каже дали земјата ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, објави Скај њуз.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) „нема воопшто да го разгледува.” МКС вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од страна на Меѓународниот кривичен суд е „срамота“, а ваквиот негов став го пренесе Белата куќа.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.