Американскиот специјален обвинител Џек Смит побара синоќа федералниот случај поврзан со незаконското поседување доверливи документи против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да биде суспендиран, бидејќи има законски ограничувања за гонење на претседателот.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп потпиша, по долго одложување, Меморандум за разбирање со Белата куќа, што ќе им овозможи на кандидатите за нови позиции да се сретнат со колегите во одделите и агенциите, пред јануарската транзиција на власта.
Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.
Новоизбраниот претседател подготвува извршна наредба која ќе стапи на сила веднаш по неговата инаугурација на 20 јануари, со која практично ќе им се забрани на транс лицата да служат во војска, а потоа и медицински отпуштени илјадници транс-војници во вооружените сили кои моментално се активни.