Американскиот специјален обвинител Џек Смит побара синоќа федералниот случај поврзан со незаконското поседување доверливи документи против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да биде суспендиран, бидејќи има законски ограничувања за гонење на претседателот.
Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.
Кривичниот прогон против Доналд Трамп, кој беше обвинет за обид за поништување на резултатот од изборите во 2020 година, денеска беше прекинат откако обвинителството побара отфрлање на овој и друг случај против избраниот претседател, повикувајќи се на политиката на Министерството за правда која забранува кривично гонење на актуелен претседател.
Тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп подготвува амбициозен план за енергетската политика на Соединетите Американски Држави, кој вклучува значително зголемување на производството на нафта и забрзување на одобрувањето на дозволите за извоз на течен природен гас (ЛНГ). Според извори на Ројтерс, овие планови ќе бидат обелоденети неколку дена откако Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.