Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по неговата инаугурација во јануари ќе биде зголемувањето на царините за производите кои доаѓаат од Кина, Канада и Мексико.
„Една од моите први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“. Fokus
Ниту САД, ниту Кина нема да победат од трговска војна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгвеи во денешното соопштение.
Изјавата доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 10 отсто царини за сите кинески стоки кога ќе ја преземе функцијата. Biznisvesti