Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави вчера портпаролот на Белата куќа.
„Претседателот вети дека ќе присуствува на инаугурацијата на кој и да победи на изборите“, рече портпаролот Ендрју Бејтс. Kajgana
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс. Kanal5
Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, соопшти Белата куќа, нарекувајќи го тоа „посветеност на нашите демократски вредности“ и покрај тоа што Трамп ја прескокна заклетвата на Бајден.
Тогашниот претседател Трамп одби да присуствува на инаугурацијата на Бајден во 2021 година, откако лажно тврдеше дека победата на Бајден на изборите била фалсификувана и поттикнувајќи толпа поддржувачи кои упаднаа во Конгресот на САД. Mk