Илјадници дополнителни либански војници и мировници на ОН ќе бидат распоредени на југот на земјата, а меѓународна група предводена од САД ќе го следи почитувањето на договорот.
Портпаролот на израелската војска ги предупреди евакуираните во јужен Либан уште да не се враќаат во своите домови. Alsat
Додаваат дека нивните борци ќе продолжат да го следат повлекувањето на израелските сили надвор од либанските граници „со рацете на чкрапалото“.
Договорот за прекин на огнот вклучува повлекување на израелските сили од јужен Либан во рок од 60 дена, соопштија израелските власти. Netpress
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му претходеа силни експлозии во областа Бејрут до почетокот на примирјето.
Портпаролот на ИДФ ги предупреди жителите на јужен Либан дека им е „забрането да одат кон селата кои одбранбените сили побарале од вас да ги евакуирате или кон одбранбените сили во областа“. Fokus