Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е чекор поблиску до спроведувањето на продажбата на пакетот оружје за Израел од 680 милиони долари, изјави американски официјален претставник запознаен со планот, и покрај прекинот на огнот со посредство на САД меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах. Kajgana
Во соопштението армијата побара и од жителите на пограничните села да го одложат враќањето во своите домови до повлекување на израелската војска.
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му претходеа силни експлозии во областа Бејрут до почетокот на примирјето. Fokus
Што ќе се случи следно?
Иако договорот за прекин на огнот става крај на повеќегодишните непријателства меѓу Израел и Хезболах, предизвикани од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, разорната војна во Газа продолжува да беснее. Faktor
Микати претходно апелираше до меѓународната заедница „брзо да реагира“ за да се запре „израелската агресија“ и да се спроведе итен прекин на огнот.
Шеесетдневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, со посредство на САД и Франција, стапи во сила утринава во 04:00 часот по локално време. Kanal5
Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.
Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Republika
Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.
Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“. Republika
Прекинот на огнот ветува дека ќе стави крај на конфликтот преку израелско-либанската граница во кој загинаа илјадници луѓе откако започна војната во Газа минатата година.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека двете страни го прифатиле договорот постигнат со посредство на САД и Франција. Sitel
Војската, исто така, побара жителите на пограничните села да го одложат враќањето дома додека израелската војска не се повлече.
По стапувањето на сила на прекинот на огнот, можеше да се слушнат рафали низ главниот град на Либан, Бејрут, пренесува Ројтерс. 360stepeni