Европратениците од Европскиот парламент денеска го отфрлија исходот од во Грузија поради значителни нерегуларности и повикаа на нивно повторување во рок од една година.
„Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур усвои резолуција со која ги осудува парламентарните избори одржани на 26 октомври во Грузија, земја кандидат за членство во ЕУ, бидејќи тие не беа ниту слободни ниту фер, што претставува уште една манифестација на континуираниот демократски пад на земјата за која е целосно одговорна владејачката партија Грузиски сон“, Европратениците ги осудуваат бројните и сериозни изборни прекршувања, вклучително и документирани случаи на заплашување гласачи, манипулација со гласови, мешање на набљудувачите на изборите и медиумите, како и пријавени манипулации со електронски гласачки машини.