Американскиот специјален обвинител Џек Смит побара синоќа федералниот случај поврзан со незаконското поседување доверливи документи против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да биде суспендиран, бидејќи има законски ограничувања за гонење на претседателот.
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.
Украинскиот пратеник Александар Мережко, член на партијата „Слуги на народот“ и претседател на парламентарната комисија за надворешна политика, го предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир во 2025 год.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп потпиша, по долго одложување, Меморандум за разбирање со Белата куќа, што ќе им овозможи на кандидатите за нови позиции да се сретнат со колегите во одделите и агенциите, пред јануарската транзиција на власта.