Борбата за слобода „не поврзува како Европејци“ и таа е причината за постоењето на нашата Унија и денес станува нејзина движечка сила повеќе од кога било досега, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во пресрет на денешното гласање за одобрување на новиот Колеџ на комесари.
Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен.
Европскиот парламент денеска ја одобри новата Европска Комисија на чело со Урсула фон дер Лајен, во чии рамки комесарка за проширување ќе биде Марта Кос од Словенија, додека висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ ќе биде Каја Калас од Естонија.