Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е чекор поблиску до реализација на продажбата на пакетот со оружје за Израел од 680 милиони долари, изјави американски официјален претставник запознаен со планот, и покрај прекинот на огнот со посредство на САД меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах.
Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска.
Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година.