Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц денеска ја започна својата изборна кампања, речиси три месеци пред предвремените парламентарни избори.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц денеска ја започна својата изборна кампања, речиси три месеци пред предвремените парламентарни избори, а канцеларот во својот прв голем предизборен говор пред околу 500 членови на партијата во Берлин рече дека претстојните избори ќе претставуваат фундаментална одлука за иднината на Германија, наведувајќи дека безбедноста, напредокот и работните места се загрозени. Kanal5
Сега е време решително да продолжиме со обновата на Германија, изјави Шолц, кој е кандидат на СПД за канцелар, објави германскиот портал Тагешау.
Тој рече дека СПД е „гласот на вредните и пристојните“. Republika