Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
171.35
29.42
0.01/1.62
7.00
4.91
0.70
495.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
17 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 469.9
Best clustering variants
17 0.99/0.01 2 469.9
Netpress

Комисијата формално беше именувана од страна на Советот на ЕУ во четвртокот со мандат за периодот од 1 декември 2024 до 31 октомври 2029 година, откако ден претходно таа беше одобрена од Европскиот парламент со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“.

Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена – по еден од секоја земја-членка на ЕУ – претседателката, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари и тоа: 1. Урсула фон дер Лајен (Германија) – претседателка; 2. Каја Калас (Естонија) – извршна потпретседателка и висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика; 3. Рафаеле Фито (Италија) – извршен потпретседател за кохезија и реформи и еврокомесар кохезивна политика, регионален развој и градовите; 4. Роксана Манзату (Романија) – извршна потпретседателка за луѓето, вештини и подготвеност и еврокомесарка за вештини, образование, култура, квалитетни работни места и социјални права; 5. Хена Марија Виркунен (Финска) – извршна потпретседателка за технолошка сувереност, безбедност и демократија и еврокомесарка за дигитални технологии; 6. Стефан Сежурне (Франција) – извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија и еврокомесар за индустрија, мали и средни претпријатија и единствениот пазар; 7. Тереза Рибера Родригез (Шпанија) – извршна потпретседателка на чиста, праведна и конкурентна транзиција и еврокомесарка за политиката на конкурентност, 8. Магнус Брунер (Австрија) – еврокомесар за внатрешни работи и миграција; 9. Хаџа Лабиб (Белгија) – еврокомесарка за подготвеноста, справување со кризи и еднаквост; 10. Екатерина Гечева-Захариева (Бугарија) – еврокомесарка за старт-апи, истражување и иновации; 11. Апостолос Sиsикостас (Грција) – еврокомесар за транспорт и туризам; 12. Ден Јоргенсен (Данска) – еврокомесар за енергија и домување; 13. Мајкл Мекграт (Ирска) – еврокомесар за демократија, правда и владеење на правото; 14. Костас Кадис (Кипар) – еврокомесар за рибарство и океани; 15. Валдис Домбровскис (Летонија) – еврокомесар за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување; 16. Андриус Кубилиус (Литванија) – еврокомесар за одбрана и Вселената; 17. Кристоф Хансен (Луксембург) – еврокомесар земјоделство и храна; 18. Глен Микалеф (Малта) – еврокомесар меѓугенерациска правичност, култура, млади и спорт; 19. Пјотр Аркадиуш Серафин (Полска) – еврокомесар за буџет, борба против измами и јавна администрација; 20. Марош Шефчович (Словачка) – еврокомесар за трговија, економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност; 21. Марта Кос (Словенија) – еврокомесарка за проширување; 22. Оливер Вархеји (Унгарија) – еврокомесар за здравје и благосостојба на животните; 23. Вопке Бастијан Хукстра (Холандија) – еврокомесар за клима, нето нула емисии и чист раст; 24. Дубравка Шуица (Хрватска) – еврокомесарка за Медитеранот; 25. Јозеф Сикела (Чешка) – еврокомесар за меѓународни партнерства; 26. Марија Луиш Казанова Моргадо Диаш де Албукерки (Португалија) – еврокомесарка за финансиски услуги, штедење и инвестиции; и 27. Јесика Розвол (Шведска) – еврокомесарка за животна средина, отпорност на водите и конкурентна циркуларна економија. Netpress