Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата побара од групата земји во развој посветеност на употребата на американскиот долар како нивна резервна валута и се закани дека ќе воведе царина од 100 отсто доколку се обидат да го напуштат.
„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот додека ние стоиме и гледаме е ЗАВРШЕНА“, напиша Трамп на својата платформа за социјалните медиуми Truth Social, мислејќи на акронимот за оригиналната група земји во блокот – Бразил , Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.