Израел изврши серија воздушни напади во областа Набатиех, јужен Либан, како одговор на ракетен истрел на Хезболах во близина на караулата, а овие напади се најсмртоносни откако стапи на сила прекинот на огнот минатата недела, . Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вети дека ќе има силен одговор на нападот на Хезболах, а израелската војска подоцна соопшти дека „погодила терористи на Хезболах, десетици лансери и терористичка инфраструктура во Либан“. Plusinfo
Израелските медиуми во неделата објавија дека Франција, која треба да го надгледува спроведувањето на договорот, го обвини Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот 52 пати од неговото воспоставување.
Хезболах претходно во понеделникот вечерта лансираше две ракети во близина на караула во окупираните фарми Шеба. Plusinfo