Во дописот кој до медиумите го испрати поранешниот амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски како одговор на инсинуациите искажани на прес конференцијата на Министерот за надворешни работи, од 14 Декември, се вели дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на Амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски, и импровизираше дека во неа Тој видел финансиски злоупотреби со шестоцифрени бројки…; но за нив не можел ништо да зборува…; туку ќе го предадел наводниот Извештај на правосудните органи кои понатам, ако одлучат, ќе постапувале… Според Фрчкоски, ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста.
Безбројни отстапки се даваат за реализација на едно исто ветување, дека ќе се движиме напред кон ЕУ, но повторно гледаме реактуелизација на ветото.
За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства.
Ќе се зголеми процентот на именуваните амбасадори од редот на професионалните дипломати на МНР и наместо една третина како досега, ќе изнесува најмалку една половина.