Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека 29-годишен маж од Узбекистан е приведен поради сомневање за вмешаност во експлозијата во која загина високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва, пренесува „Гардијан“.
Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва.
Русија уапси осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва.
Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на радијациските, хемиски и биолошки одбранбени трупи на руските вооружени сили, беше убиен на 17 декември во операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави извор од агенцијата за Киев Индипендент.