На својата социјална мрежа Икс, Маск напиша дека „само АфД може да ја спаси Германија.“ Оваа објава беше одговор на изјавата на претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој истакна дека „Германија не треба да го следи примерот на Маск и аргентинскиот претседател Хавиер Милеј.“ Маск го додаде текстот реобјавувајќи ја пораката на германската десничарска инфлуенсерка Наоми Зајбт која го критикуваше Фридрих Мерц, кандидат за канцелар на конзервативците, кои напредуваат во анкетите.