Саудиска Арабија ја предупредила Германија за човекот осомничен дека го извршил инцидентот на божиќниот пазар во Магдебург, според безбедносни извори од Саудиска Арабија, јави ДПА.
Најмалку 11 лица го загубија животот, а 80 се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, јавува државниот радиодифузер MDR.
Мажот, чие име се уште не е официјално објавено, кој синоќа удри во толпа луѓе на божиќниот базар во германскиот град Магдебург, по професија е лекар кој на социјалните мрежи се залагал за борба против исламизмот.