Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и словачкиот премиер Роберт Фицо во Москва, дека таа средба уште еднаш покажала дека Фицо не сака да учествува во заедничките европски напори за постигнување енергетска независност од Русија, како да и не сака да бара замена за рускиот гас.
Зеленски на платформата Икс напиша дека Фицо „сака да и помогне на Русија во потиснување на американскиот гас и енергетските ресурси на другите партнери од Европа“, што значи дека, како што наведе, сака „да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната и слабеење на Европа“. Denesen
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицо дека сака да му помогне на претседателот на Русија, Владимир Путин, да заработи пари за финансирање на војната. 360stepeni