Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со силите на администрацијата на поранешниот претседател Башар ал Асад во провинцијата Тартус, соопшти преодната администрација рано утринава. Novamakedonija
Операцијата е во тек во западната провинција Тартус, населена со малцинството на Алаутите, од каде што потекнува Асад, кој беше соборен на 8 декември од бунтовничките групи.
За време на воените дејствија, „голем број членови на вооружени групи“ лојални на Асад „биле неутрализирани“, соопшти агенцијата, која прецизираше дека целта на операцијата била „да се врати безбедноста, стабилноста и граѓанскиот мир“ во крајбрежната провинција. Biznisvesti