Повеќе од 200 илјади домаќинства во Босна и Херцеговина останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните врнежи од снег, пренесува босански „Н1“.
Поради обилните снежни врнежи, сообраќајот е целосно во прекин на седум патишта во Босна и Херцеговина (БиХ). Според најновиот извештај на Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БХАМК), од 16 сообраќајот е во целосен прекин на патните правци Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровац, Дрвар-Гламоч, Купрес-Благај, Котор Варош-Теслиќ, Бања Лука -Кнежево и Босански Петровац-Кључ.