Москва има детален план за напад на 160 цели во Јужна Кореја и Јапонија во случај на војна со НАТО.
Русија разработила детален план со список на цели за можен конфликт со Јапонија и Јужна Кореја. Denesen
Руската војска подготви детална листа на цели за потенцијална војна со Јапонија и Јужна Кореја, која вклучува нуклеарни централи и друга цивилна инфраструктура, според тајните досиеја од 2013 и 2014 година што ги виделе новинари на „Фајненшл тајмс“.
Плановите за нападите, сумирани во објавените руски воени документи, се однесуваат на 160 локации како патишта, мостови и фабрики, избрани како цели за да се запре „прегрупирањето на силите во области со оперативна намена“. A1on