Одговорноста за идните генерации бара единство на ЕУ и подготвеност да работиме со партнерите кои ги споделуваат нашите вредности, особено со аспирантите за членство, и не обврзува да ги браниме вредностите на кои се заснова Унијата, како што се демократијата, слободата и владеењето на правото, посочува полското претседателство со ЕУ. Постојаната полска претставничка во ЕУ, Агњешка Бартол најави дека проширувањето на Унијата претставува геополитички приоритет за Полска, додавајќи дека кон пристапниот процес Варшава „има намера да заземе избалансиран пристап, особено за Западниот Балкан“.