Федералното биро за истраги (ФБИ) и Министерството за домашна безбедност предупредија дека постои опасност од потенцијални копии кои можат да го имитираат новогодишниот терористички напад со пикапи во Њу Орлеанс.
Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.
Федералното биро за истраги (ФБИ) засега не гледа дефинитивна поврзаност меѓу терористичкиот напад во Њу Орлеанс и екслозијата на возило на Тесла пред Трамп хотелот во Лас Вегас.
Бројот на загинати по вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-Ен-Ен. Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи.